Поврзете се со нас

Англија

Лидс експресно испорача жестока казна за навивачот кој го нападна менаџерот на Њукасл

Објавено

на

Лидс Јунајтед и полицијата реагираа експресно по вчерашниот инцидент, во кој еден домашен навивач влета на теренот и имаше близок контакт со гостинскиот менаџер Еди Хау.

Менаџерот на Њукасл остана присебен во оваа ситуација, но фановите беа шокирани од леснотијата со која неодговорниот навивач на Лидс стигна во ситуација да ја загрози безбедноста на тренерот.

По реакцијата на стјуардите, навивачот е уапсен од полицијата, а Лидс реагираше со доживотна забрана за присуство на „Еланд Роуд“.

– Не се ни сеќавам дали ме оттурна, беше навистина чудно да се случи такво нешто, но тоа не враќа на значењето на безбедноста, – истакнал Хау.

Еди Хау за чудниот инцидент во Премиер лигата: Почувствував дека мојата лична безбедност е нарушена (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни