Лидс делува незадржливо на стартот, Алиоски го постигна првиот гол во новата сезона (Видео)

lids-stouk

Лидс Јунајтед продолжи со фасцинантните игри на стартот на новата сезона во Чемпионшип лигата, а тимот на Марсело Биелса денеска покажа завидна реализација на гостувањето кај Стоук.

Гостите славеа со 0:3 и со третата победа во низа се зацврстија на првото место на табелата во втората лига, но овој натпревар послужи како добра вест и поради тоа што Џани Алиоски го отвори контото во новата сезона. Македонскиот репрезентативец го постигна погодокот за 0:2 по асистенција на Банфорд, а напаѓачот на Лидс подоцна ги постави конечни 0:3, резултат со кој Лидс стигна до 13-от бод по пет одиграни кола.

Со биланс од четири победи и едно реми Лидс е осамен на врвот на табелата, а по него следи Чарлтон кој има два бода помалку.

Facebook Коментари