Поврзете се со нас

Евролига

Лидерот сигурен во Берлин, дербито за Анадолу Ефес (ВИДЕО)

Објавено

на

Лидерот во кошаркарската Евролига, тимот на Барселона оствари рутинска победа над Алба во Берлин од 95-79.

Гостите од Каталонија знаеја што сакаат на овој натпревар, па го преземаа водството уште во првиот период и потоа постојано ја одржуваа предноста, имаа контрола на играта на теренот и најдобра потврда за тоа е конечниот резултат на средбата.

Миротиќ со 18 кошеви беше најфикасен поединец, кај домаините Да Силва беше автор на 13 кошеви.

Анадолу Ефес во дербито на вечерта беше подобар од Реал Мадрид со 93-90. Пресудни беа завршните десет минути кои момците на Атаман ги добија со одлична игра во одбраната (21-11) за 14 славје во кампањата.

Незапирлив беше Мициќ со 29 поени, Моерман додаде 18, а Ларкин 12 кошеви. Аргентинскиот репрезентативец Дек со дабл-дабл од 23 поени и 10 скока беше најрасполоежн играч кај шпанскиот прволигаш.

На останатите два натпревари славеа домаќините, Панатинаикос беше подобар од Баерн (80-67) и Макаби од Милано (75-58).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни