Балкан
Левски ќе назначи нов стручен штаб, од клубот заминува и Тасевски
Поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Тасевски од денеска веќе не е дел од стручниот штаб на бугарскиот прволигаш Левски.
Тасевски заминува од софискиот состав по одлуката на раководството на клубот да ја прекине соработката со досегашниот тренер Станислав Генчев и да бара друга солуција за оваа функција во пресрет на продолжението на сезоната.
Голем дел од фановите на Левски се изненадени од потег на одговорните, но информацијата е потврдена, па Тасевски заминува во пакет со Генчев и останатите членови на стручниот штаб.
Македонецот настапуваше за Левски меѓу 2007 и 2012 година и со својот однос кон клубот остана миленик на фановите на трофејниот бугарски клуб, во кој продолжи да собира искуство за посакуваната самостојна тренерска кариера.
Пред да се врати во Левски како асистент на Генчев, Тасевски кратко извршуваше идентична функција и во редовите на Славија Софија, клубот кој му беше и последен во фудбалската кариера.
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Балкан19 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија