Левски го скрши отпорот на Блокотехна по продолжение

blokotehna-32832900

Македонскиот претставник во БИБЛ, екипата на Блокотехна, денеска го доживеа првиот пораз во дебитантската сезона во балканското кошаркарско натпреварување и тоа на гостувањето кај Левски во Софија.

Домаќините го добија дуелот со резултат 99:93, но по продолжение по кое конечно го скршија отпорот на Блокотехна која досега имаше две победи на два натпревари. Левски најчесто беше во водство на оваа средба, но не со преголема предност, па Блокотехна избори резултат 84:84 во регуларните четириесет минути. Сепак, бугарскиот тим беше подобар во продолжението, па ја прекина серијата на нашиот претставник.

Бенџамин со 27 и Мелори со 23 поени беа најдобри реализатори кај Блокотехна, додека на спротивната страна Маравиќ реализирал 22 поени.

 

Facebook Коментари