Поврзете се со нас

Англија

Леви за евентуалното заминување на Кејн: Можам да кажам дека неговите фрустрации…

Објавено

на

Даниел Леви доби сериозно засилување во бордот откако вчера и официјално го назначи Фабио Паратичи како нов спортски директор на клубот.

Сега, Паратичи ќе го има главниот збор околу транферите, односно ќе биде оној кој ќе пресече кој фудбалер да се донесе, а кој фудбалер да замине. Тоа барем го најави првиот човек на клубот од Северен Лондон, Даниел Леви кој беше запрашан дали Кејн ќе си замине.

На прашањето Леви даде дипломатски одговор истакнувајќи дека нема да зборува за поединечни играчи и најави дека Паратичи во следниот период ќе работи на трансферите во клубот.

– Нема да зборувам за специфичен играч во јавност. Се што можам да кажам е дека фрустрациите на Кејн поради тоа што немаме освоено ништо ги делиме и јас и фановите и другите играчи. Сите сакаме да освојуваме трофеи.

– Една од работите со кои Фабио ќе мора да се носи кога ќе дојде овде е тоа да одреди кои фудбалери ќе бидат ослободени и од кои фудбалери ќе биде побарано да си бараат нови клубови. Трансфер пазарот само што започна, а она што ние го сакаме или што го сакаат другите клубови не секогаш се остварува. Ќе сториме се што е правилно за клубот, -истакна Леви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни