Поврзете се со нас

Англија

Леви го пронајде наследникот на Жозе Мурињо

Објавено

на

Изминативе денови вестите за европската Супер лига го привлече вниманието на јавноста, па вестите поврзани со Тотенхем и отказот на Жозе Мурињо паднаа во втор план.

Португалецот доби отказ од Северен Лондон по лошите резултати со тимот на Тотенхем, а него до крајот на сезоната ќе го заемни 29 годишниот Рајан Мејсон за кого ова е прво тренерско искуство.

И повеќе од јасно е дека Мејсон нема да продолжи како тренер на Тотенхем и следната сезона, а медиумите на Островот веќе почнаа да шпекулираат со можните наследници на Мурињо.

Според „Атлетик“, Даниел Леви веќе стапил во контакт со тренерот на Атлетик Билбао, Марселињо кој претходно со успех ги водеше и Валенсија, Вилјареал и Севилја.

Марселињо има договор со баскискиот клуб до 2022 година, меѓутоа во истиот има некои клаузули кои би можеле да му дозволат да направи трансфер во друг клуб за симболична сума ова лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни