Германија
Леверкузен со фантастичен „триаголник“ ја нокаутира Борусија и стави крај на лошата серија (Видео)

Во големото германско дерби од 17-то коло, силите ги одмерија Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд на „Бај Арена“, па тоа што се чинеше дека ќе биде натпревар кој ќе заврши со поделба на бодовите, на крајот испадна меч на кој домаќините ја прекинаа лошата серија резултати.
По поразот од дербито со Баерн Минхен во 2020-та година, „фармацевтите“ нанижаа уште два неуспеси и едно реми во домашната Бундеслигата, но вечерва после четири натпревари се вратија на посакуваниот колосек, и тоа на сметка на променливата Борусија.
„Милионерите“ имаат премногу подеми и падови од натпревар во натпревар, а со таков пристап, тешко дека ќе можат да му парираат на Баерн Минхен кој има седум бодови повеќе, а од вечерва и натпревар помалку.
Леверкузен го доби големото дерби со 2:1, а како одлучувачки фактор се покажа акцијата во 80-та минута која беше навистина фантастична и во која тројца играчи на домашниот тим изрежираа „триаголник“ по кој Вирц погоди за победа.
Претходно, Леверкузен имаше водство и во првото полувреме со голот на Диаби, но иако Јулиан Брандт израмни на 1:1 и постигна гол против својот поранешен клуб, на крајот мораше да им подаде рака на подобрите соиграчи од минатото.
Баер со оваа победа се врати на второто место на табелата во Бундеслигата со 32 поени, додека Борусија е четврта со три помалку.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 24 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!