Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен преку драма до полуфинале, Чаби го повика „среќниот“ новинар за дербито со Баерн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен игра страшен фудбал оваа сезона и се уште е во игра за три трофеи, а сега е навистина поблиску до еден откако се пласираше во полуфиналето на германскиот Куп.

„Фармацевтите“ беа на работа да претрпат прв пораз од стартот на сезоната, но момците на Чаби Алонсо не дозволија  такво нешто и двапати се враќаа од негатива против Штутгарт.

Не само што се вратија, домаќините на крајот режира и целосен пресврт со голот на Тах во 90-та минута, а пласманот во полуфиналето донесе голема сатисфкација и кај шпанскиот стручњак.

По натпреварот, Чаби беше презадоволен што зборува со својот омилен соговорник, па од новинарот на „ЕСПН“ побара да биде присутен и на натпреварот кој се игра во сабота.

Шпанскиот стручњак очигледно смета дека познатиот новинар Арчи му носи среќа, а дали тоа ќе биде така и на дербито со Баерн Минхен, останува да видиме.

Со вчерашниот триумф, Леверкузен стигна до 30 меча без пораз во сите натпреварувања, со биланс од 26 победи и 4 нерешени средби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни