Германија
Леверкузен киксираше пред дербито со Баерн, Ковач дебитираше со пораз на „Сигнал Идуна парк“ (Видео)

Баер Леверкузен не го одржа чекорот со Баерн Минхен пред големото дерби кое е на програмата наредниот викенд, па така избраниците на Чаби Алонсо ќе го пречекаат баварскиот ривал со осум бода помалку на табелата.
„Фармацевтите“ одиграа просечен натпревар на гостувањето кај Волфзбург и во ниту еден момент не успеаја да го наметнат своето темпо, а тоа направи да се задоволат само со разочарувачки 0:0.
Всушност, Волфзбург беше тимот кој беше и поблиску до победата, но Храдецки имаше среќа и ударот на Фишер заврши во рамката на голот.
На крајот, поделбата на бодовите му носи најдобра вест на Баерн, кој сега без преголем притисок ќе замине на гостувањето на „БајАрена“.
Ова попладне, големо внимание предизвика и натпреварот на „Сигнал Идуна парк“, каде Борусија повторно ги разочара своите фанови, и тоа на дебито на Нико Ковач.
„Милионерите“ беа далеку подобри и вистинско чудо беше како не постигнаа гол во првиот дел, а за големите промашувања стигна казна на стартот на вториот.
Автоголот на Антон и погодокот на Чабо донесоа комотна предност за Штутгарт од 0:2, по што Борусија успеа да се избори само за поблаг пораз со погодокот на Брандт.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет20 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)