Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен избегна прв пораз и продолжи со непобедливоста во Германија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04_en

Баер Леверкузен денеска се спасуваше од пораз во дербито со Борусија Дортмунд, но успеа да ја продолжи својата серија без неуспех и стигна до бројката од 20 натпревари во сите натпреварувања.

„Фармацевтите“ играат страшен фудбал под водство на Чаби Алонсо и важат како единствен тим кој може да го предизивка Баерн Минхен, а денеска после 14 победи во низа, пристигна првото реми.

Борусија Дортмунд се покажа како незгоден ривал и тоа беше сосема очекувано, па на крајот германското дерби заврши со поделба на головите, но и бодовите.

„Милионерите“ поведоа во првиот дел со голот на Ријерсон, додека Леверкузен преку Бонифас израмни на 1:1 и освои бод на „Бај арена“.

Леверкузен останува непоразен и по 20 одиграни натпревари во Бундеслигата и Лигата на Европа, но Чаби сигурно ќе жали што неговиот тим не ја искористи шанса да му побегне на Баерн, кој овој викенд остана слободен поради лошите временски услови во Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни