Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен испушти победа во Лајпциг, Баерн отиде на „плус шест“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Баер Леверкузен замина на гостувањето кај РБ Лајпциг со серија од осум победи во Бундеслигата, па иако се водеше кон тоа дека ќе ја забележи и деветтата, избраниците на Чаби Алонсо на крајот беа казнети за низата промашувања.

Актуелниот шампион поведе со 0:2 со головите на Шик и Гарсија, но потоа пред крајот на првиот дел Раум намали на 1:2 и најави возбудливо второ полувреме.

Леверкузен тргна со сите сили по трет гол и не реализираше две стопроцентни шанси, Вирц ја погоди стативата, а сето ова направи да видиме нешто што често се случува во фудбалот.

Гостите беа сурово казнети за нереализираните шанси, па така во 85-та минута пристигна автогол на Тапсода, со кој дојде до поделба на бодовите (2:2).

Од овој исход секако најмногу ќе протифира Баерн Минхен, кој попладнево со 1:2 го победи Фрајбург и сега има шест бодови предност како лидер на табелата пред Леверкузен.

Хари Кејн и Ким донесоа предност од 0:2, додека конечните 1:2 ги постави Гинтер во 68-та минута. Борусија Дортмунд не победи и по заминувањето на Нури Шахин, бидејќи денеска одигра само 2:2 со Вердер Бремен во натпревар на кој водеше со 2:0, но на кој играше и со играч помалку поради исклучувањето на Шлотербек во 21-та минута.

Головите од Лајпциг-Баерн погледнете ги ТУКА

Головите од РБ Лајпциг-Леверкузен погледнете ги ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни