Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен го потврди пласманот во ЛШ, неочекувани киксови на Фрајбург и Келн (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Баер Леверкузен дефинитивно ќе игра во Лигата на шампионите во наредната сезона, пласман кој официјално беше потврден денеска со победата над Хофенхајм од 4-2.

„Фармацевтите“ двапати губеа против Хофенхајм (1-0, 2-1), односно имаа минус еден на паузата. Сепак во вториот дел ги променија работите и пркеу погодоците на Диаби, Шик и Аларио дојдоа до пресврт, победа број 18 во оваа сезона со која го потврдија третото место на табелата во Бундеслигата.

Фрајбург пак кој исто се бори за ЛШ доживеа тежок пораз од Унион Берлин од 4-1, пораз кој може да го остави без елитното натпреварување.

Голем кикс направи и составот на Келн кој се бори за излез во Европа, подобар од нив беше Волфзбург кој славеше на нивен терен со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни