Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен го налути Баерн и настрада на „Бај арена“, Кимих со магичен пас ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Џошуа Кимих го постигна убедливо најубавиот гол по рестартот на сезоната во Бундеслигата во дерби дуелот со Борусија Дортмунд, а ова попладне, фантастичниот играч на Баерн Минхен се погрижи да ја видиме и најдобрата асистенција.

Баер Леверкузен отвори храбро против фаворитот и ги фати на „спиење“ баварците, а тоа му овозможи на Аларио да постигне гол за 1:0 во 10-та минута. Додека сите играчи на Баерн креваа рака за офсајд, Аларио ја затресе мрежата на Нојер, а повторената снимка покажа дека нема недозволена ситуација.

Ова го натера Баерн да отиде ниво погоре и го забрза темпото, па со таков распоред на силите, гостите направија комплетен пресврт до полувремето. Се започна со контрата за 1:1 во која Милер беше асистент за стрелецот Коман, продолжи со нова контра-напад кој со погодок го заврши Хаверц, а заврши со гол на Гнабри пред крајот на првиот дел.

При овој погодок, најголем дел од задачата ја заврши Кимих кој испрати неверојатен пас длабоко од своајта половина, а на Гнабри му преостана само да ја префрли топката преку голманот на домаќините.

Во вториот дел, Роберт Левандовски го продолжи шоуто и зголеми на 1:4, а за почесен пораз за домаќините се избори Вриц во 89-та минута (2:4).

На останатите средби, Мајнц славеше на гостувањето кај Франкфурт со 0:2, Фортуна Дизелдорф и Хофенхајм ремизираа 2:2, додека Лајпциг во финишот пропушти да оствари победа и одигра само 1:1 со Падерборн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни