Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен ги матираше „милионерите“ и му се залепи на Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/bayer04_en

Баер Леверкузен излезе како победник од дерби соочувањето со Борусија Дортмунд со кое беше отворено 16. коло во германската Бундеслигата.

„Фармацевтите“ имаат фантастична серија на резултати во завршните два месеци од 2024 година, низа која продолжи и вечерва на „Сигнал Идуна Парк“ каде беа матирани „милионерите“ со 3-2.

Избрниците на Алонсо веќе во првата минута го отворија резултатот преку Тела, додека во 8 водеа со 2-0 по погодокот на Шик. Домаќините се вратија во игра со голот на Гитенс, меѓутоа експресно стигна одговорот од противникот кој одново отиде на плус два во 19 минута.

По овој фуриозен стар на дуелот до новата промена на резултатот која се покажа како последна се чекаше до 79 минута кога по еден лесно досуден пенал, Дортмунд со голот на Гираси дојде до минимална негатива.

Сега актуелниот првак има само еден бод помалку од лидерот Баерн Минхен кого утре го очекува гостување кај Борусија Менхенгладбах.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни