Германија
Леверкузен дојде до израмнување со 10 играчи на теренот и освои нов трофеј (Видео)
Покрај возбудувањата во германскиот Куп, оваа вечер на програмата беше и финалето во Суперкупот, дуел кој понуди супер атрактивен фудбал и драматичен финиш.
Штутгарт се покажа како голем предизвикувач за германскиот шампион Баер Леверкузен и беше пред победа и освоен трофеј, но тоа сепак не го дозволија избраниците на Чаби Алонсо.
Финалето почна со гол на Бонифасе и Леверкузен поведе на „Бај Арена“, но работите се закомпликуваа кога Мило израмнин на 1:1, а Терие заработи директен црвен картон.
Французинот го остави Леверкузен на цедило во 37-та минута и работата стана многу тешка и сложена за фаворитот, уште повеќе кога Ундав погоди за 1:2 во 63-та минута.
Сепак, Леверкузен не се откажа и успеа да притисне со 10 играчи на теренот, а во финишот и да израмни преку Шик за 2:2. Погодокот на напаѓачот во 88-та минута го однесе финалето на пенали, а таму како подобри реализатори се покажаа актуелните шампиони.
Сите четири изведувачи на Чаби Алонсо беа прецизни, додека на спротивната страна не реализираа Крациг и Силас.
🚨🏆 GOAL | Bayer Leverkusen 2-2 Stuttgart | Patrik Shick
PATRIK SHICK DRAWS LEVEL!pic.twitter.com/6xTSDPQ6gG
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 17, 2024
-
Италијапред 16 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Формула 1пред 14 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Германијапред 15 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Шпанијапред 19 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Англијапред 18 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Шпанијапред 15 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас за конфликтот со Флорентино: Бевме во добри односи се до еден момент