Поврзете се со нас

Германија

Леверкузен договори француски талент како прво летно засилување (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/bayer04_en

Актуелниот германски шампион, Баер Леверкузен почна со активностите на трансфер пазарот, односно со влечење на потези кои ќе ја освежат екипата и ќе донесат дополнителен квалитет во натпреварувачката 2024/2025.

Нов член на „фармацевтите“ е талентираниот Французин, Жануел Белосиан кој досегаше беше дел од Рен. Тој има 19 години и може да игра на повеќе позиции во дефанзивата со што Чаби Алонсо добива уште еден универзалец.

Потекнува од школата на Рен, тим за кој почна на настапува за првата екипа од 2022 година.

-Секако дека веќе подолго време имав контакт со Баер 04. Едноставно е неверојатно за мене што можам да им се придружам на клубот кој ја освои дуплата круна во Германија. Се радувам на тоа и на навивачите и на стадионот во Леверкузен. Ги гледав европските натпревари на тимот на телевизија – и начинот на кој тие играа беше навистина фантастичен, -порача Жануел кој доби договор до 30 јуни 2029 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни