Поврзете се со нас

Шпанија

Леванте излезе со соопштение за здравствената состојба на Андонова

Објавено

на

foto:twitter.com/LUDfemenino

Македонската репрезентативка, Наташа Андонова беше стрелец на единствениот гол за Леванте во денешната победа над Тенерифе во првата шпанска лига.

Андонова стрелаше за победа на Леванте, но на носилки мораше да го напушти теренот (ВИДЕО)

Меѓутоа во самиот финиш, нашата фудбалерка се соочи со незгода ситуација, доби силен удар во главата и на носилки беше изнесена од теренот.

Таа сакаше пожртвувано да интервенира и спречи противникот посериозно да се закани, а топката завршии директно во нејзиното лице по што мораше да интервенира и лекарската екипа. Македонката веднаш била однесена во болница каде и биле извршени различни тестови по што клубот од Валенсија се огласи со соопштение.

-Наташа Андонова е отпуштена од болница. Откако биле направени различни тестови, ѝбила дијагностицирана лесна трауматска повреда на мозокот (ТБИ). Од клубот се оптимисти за нејзиното правилно закрепнување и од утре ќе продолжи да се следи за да се потврди оваа прогноза. Македонката веќе одмара во својот дом, -порачаа од Леванте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни