Поврзете се со нас

Шпанија

Леванте е очаен: Барди и соиграчите израмнија црн рекорд во Примера (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LevanteUD

Леванте не успеа да победи и по втората тренерска смена од стартот на сезоната, а оваа вечер, тимот од Валенсија израмни црн и негативен рекорд во шпанската Примера.

Енис Барди и неговите соиграчи не знаат за победа по 16 одиграни кола во новата сезона, но бидејќи кризата трае од крајот на минатата натпреварувачка сезона, Леванте денеска израмни еден ужасен негативен рекорд.

Денеска на „Ситутат де Валенсија“, Леванте одигра само 0:0 со Осасуна во еден разочарувачки натпревар, по кој е достигната најлошата низа од средби без остварена победа во Ла Лига.

Вклучувајќи ги и осумте натпревари од минатата сезона, Леванте цели 24 натпревари не знае што значи победа во Примера, па така го израмни црниот анти-рекорд на Спортинг Хихон од 1998-ма година.

Леванте последен пат славеше против Еибар со 0:1, а тоа се случи на 10-ти април оваа година. Со осум порази и осум реми средби од стартот на сезоната, Барди и соиграчите се заковани на дното во шпанскиот фудбал со осум освоени бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни