Поврзете се со нас

Свет

Левандовски за „Златната топка“: Се надевам дека изјавата на Меси беше искрена, а не само празни зборови!

Објавено

на

Гала вечерта во Париз мина во знакот на Лионел Меси и Аргентинецот ја освои седмата „Златна топка“ во својата кариера, но со говорот кој го имаше веднаш по добиеното признание, фудбалерот на ПСЖ брзо се најде во прв план и му оддаде признание на својот најблизок ривал.

Меси од бината порача дека „Франс Фудбал“ треба да размисли и да му ја додели „Златната топка“ на Роберт Левандовски за 2020-та година, период во кој не се додели престижната награда поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Овие зборови од Меси предизвикаа насмевка на лицето на Левандовски, кој сега во интервју за полски канал даде излезе со доста поискрен став за изјавата на Аргентинецот.

– Се надевам дека тоа беше искрена изјава и дека не беа само празни зборови од негова страна. Се почувствував тажно што не ја добив наградата и нема да го кријам тоа.

– Самото тоа што се борам со Меси доволно говори на кое ниво играм, но кога ќе видите коментари од луѓе кои велат дека вие сте ја заслужиле наградата, навистина ви паѓа тешко. Јас го почитувам Меси, почитувам како игра фудбал, но почувствував тага и нема да го кријам тоа. Навистина беше добро што немавме натпревар еден против друг непосредно по гала вечерта, – вели Левандовски во интервјуто за полскиот спортски канал „Спортовим“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни