Шпанија
Левандовски за слабата форма: Ми фали…
Барселона игра катастрофално во Примера по победата над Реал Мадрид во Ел Класико и се што дотогаш успешно градеше успеа да го „фрли во вода“, па по најновиот пораз од Атлетико Мадрид не само што ја загуби лидерската позиција дури и пад на третото место на табелата.
Каталонците дефинитивно имаат проблеми и дури кога играат добро како против Атлетико не доаѓаат до посакуваниот резултат. Еден од тие проблеми дефинитивно е Роберт Левановски чија форма во шпанскиот шампионат е во сериозен пад, не реализира зицери, 100 процентини шанси кога е потребно што на крајот влијае врз екипата и севкупниот резултат.
Од дербито со Реал, ветеранот има реализирано само двапати во шампионатот против Бетис и Селта Виго што е прескромен учинок за главниот напаѓач на составот од „Камп Ноу“.
-Во последните два или три натпревари имавме големи шанси што ги пропуштивме. Имав чувство, ми недостигаше смиреност во шеснаесетникот и можеби самодоверба, -признава Полјакот.
-Понекогаш, ако не можете да победите, не можете да го загубите натпреварот. Ни се случи неколку пати оваа сезона. Мислам дека следната година ќе се вратиме посилни и ќе играме подобро, -додаде првиот голгетер на Барселона.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал