Поврзете се со нас

Свет

Левандовски за опцијата Саудиска Арабија: Мојата кариера нема да трае вечно…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски со години е еден од најдобрите светски напаѓачи, но полека, но сигурно и тоа влегува во завршницата на кариерата со оглед на тоа што во август ќе го прослави 36. роденден.

Тој од 2022 година е дел од Барселона, тим во кој беше доводен да биде еден од лидерите со оглед на неговото искуство, квалитет, меѓутоа таа улога особено во оваа сезона не ја оправдува, па низ медиумите се појавија информации дека шпанскиот великан почнува да размислува за негова продажба.

Саудиска Арабија е дестинација која сега е атрактивна за фудбалерите, но Полјакот во овој момент не се гледа во оваа земја со тоа што не е искличена опцијата за во иднина.

-Размислувам само да уживам во секоја минута на теренот бидејќи сум свесен за некои работи. Мојата фудбалска кариера нема вечно да трае. Сега не размислувам за Саудиска Арабија, -порача голгетерот кој има дадено девет погодоци во натпреварувачката 2023/2024.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни