Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски за одлуката на Крос: Можеби тој…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Тони Крос пред некое време ја изненади пошироката јавност со одлуката дека ќе замине во играчка пензија по крајот на оваа сезола или поточно по Европското првенство кое ќе се одржи во неговата татковина.

Играчот за врска има само 34 години што за денешниот фудбал не е многу, односно има многу малку асови кои се решеваат да заминат на „одмор“, да се откажат ако немаат навистина добра причина за тоа.

Меѓутоа тоа е одлуката на ѕвездата на Реал Мадрид за која коментар имаше напаѓачот Роберт Левандовски кој иако е постар воопшто не размислува за таков потег во овој момент.

-Срцето ќе ми го каже тој момент. Пред да донесам одлука, мора прво да почувствувам нешто. Не знам кога ќе се случи, тешко е сам да одредам. Треба да ја слушнам мојата одлука за да бидам сигурен во тоа, а сега ја немам.

-Физички се чувствувам многу добро и тоа значи дека не можам да размислувам за пензија. Можеби Тони Крос го почувствува тој момент, но тоа не е мој случај. Сфаќам дека напорната работа што ја направив и сè уште ја работам се исплати, -истакна Полјакот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни