Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски за одлуката на Чави: Многу добро го разбирам…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес реши да си замине од тренерската позиција во Барселона по крајот на оваа сезона, одлука која дефинитивно ги шокираше сите на „Камп Ноу“.

Шпанскиот стратег ја соопшти оваа одлука по поразот Вилјареал притоа посочувајќи дека притисокот е огромен и тоа веќе почнува да влијае и врз неговото семејство.

Се појавија информаии дека дел од играчите зборувале со Чави и се обидувале да го разубедат, премислат да остане, а меѓу нив бил Роберт Левандовски кој изгради одличен однос со легендата на клубот во изминативе 18 месеци. Сега кога помина малку време и се смири ситуацијата, Левандовски посочи дека ги разбира причините за потегот на Ернандес.

-Да се биде тренер или играч на Барселона е голем притисок. Тоа е нормално, а тимот или клубот се во потежок момент од порано, со тим со многу млади играчи. Очекувањата се секогаш многу високи.

-Разбирам што му значи сето ова: тој е од Барселона, беше играч и сега е тренер. Од емоционална гледна точка е многу тешко и совршено го разбирам. Не само тој, туку и неговото семејство, -истакна Полјакот за „Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни