Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски за новите генерации: Малкумина ќе го издржат притисокот на социјалните мрежи

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски е еден од предводниците на актуелната екипа на Барселона, а во која и има многу помлади фудбалери кои полека се наметнуваат како нови ѕвезди на шпанската екипа.

Во последното гостување за полска телевизија, Левандовски зборувал за промените во фудбалот изминатата деценија, посебно нагласувајќи го влијанието на социјалните мрежи и менталниот товар кој го предизвикуваат кај помладите играчи, кои сега се поизложени на критики и навреди.

– Сите околу нас треба да бидат подготвени за тоа што ќе се случува ако работите станат полоши.

– Ова се нови генерации, тука е Инстаграм, сите социјални мрежи, за нив е потешко. Јасно е дека не можат да побегнат од тоа, не можат да седат затворени во четири ѕида.

– Тоа е новиот предизвик во фудбалот, дали овие фудбалери ќе можат да издржат таков товар 10-12 години. Притисокот е голем и малку од нив ќе можат да се снајдат со него, – изјавил Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни