Англија
Левандовски за можниот трансфер на Сане во Баерн: Тој е играч…
Најдобриот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го искажа својот став по можноста неговиот клуб да го доведе Лерој Сане од Манчестер Сити.
Минатото лето Баерн го бркаше крилниот напаѓач, меѓутоа клубовите не успеаа да пронајдат заеднички јазик за реализаиција на таа зделка. Сега наводно „баварците“ е подготвени пак да седнат на маса со Сити и да пробаат да се договорат со тоа што информациите се дека тие веќе си подале рака со играчот за личните услови.
-Има многу шпекулации. Само можам да кажам дека тој е одличен играч со одлични вештини кој може многу добро да се хармонизира со своите соиграчи.
-Не само во Премиер лигата или во Лигата на шампионите, ние веќе видовме што можеше да направи во Шалке. Тој сигурно може да ни помогне да најдеме нови решенија во нашата игра, -истакна Левандовски кој даде коментар и за договорот што го потпиша тренерот Ханси Флик.
-Тоа е одлична вест за нас. Во изминатите неколку месеци сите видовме колку добро се се вклопува со него. Со него, сите одат во иста насока, соработка и комуникација. Имаме голема доверба во него. Тоа е многу важно и јас сум среќен поради тоа. Се надевам заедно ќе освоиме многу титули, -порача полската гол машина.
-
Шпанијапред 17 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 20 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)