Поврзете се со нас

Лига на нации

Левандовски за мајсторијата на Модриќ: Тоа беше совршенство (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Хрватска ја реши Полска во Лигата на нации, а човек на одлука беше капитенот Лука Модриќ.

Фудбалерот на Реал Мадрид и во 39. година од животот покажа дека е клучен, незаменлив играч и со мајсторија во вториот дел донесе три бода за неговиот национален тим.

Лука погоди од слободен удар, магија од која без зборови остана и Роберт Левандовски.

-Видовме дека хрватскиот тим игра добро со топката во своите нозе. Во вториот дел погрешивме и добивме гол од слободен удар. Потоа им беше полесно да играат во напад. Модриќ погоди од позиција која беше многу блиску до голот.

-Понекогаш е најтешко да се постигне гол од такви позиции. Неговиот удар беше совршенство. Нашиот голман не ја ни виде топката. Беше тешко да се претпостави дека ќе погоди. Ама во фудбалот понекогаш давате гол, а понекогаш примате таков гол, -изјави најдобриот полски фудбалер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни