Свет
Левандовски за играчот кој го заборавија „Франс Фудбал“ и ФИФА: Тој имаше луда година

Роберт Левандовски вчера беше избран за најдобар светски играч од страна на ФИФА и му беше доделено признанието „The Best“, кое интересно втора година по ред заврши во рацете на Полјакот кој не престанува да ги решета мрежите како прв напаѓач на Баерн Минхен.
Ако на крајот на 2021-ва година беше разочаран поради тоа што не ја доби „Златната топка“ од Франс Фудбал, популарниот Леви доби утеха од своите колеги и селекторите на фудбалските репрезентации, кои во најголем дел гласаа за него пред Лионел Меси и Мо Салах.
Левандовски заврши прв на пиедесталот пред Меси, а изненадувачки, во потесниот избор на ФИФА не се најде играчот кој на крајот беше заборавен и од страна на „Франс Фудбал“.
Жоржињо имаше најуспешна сезона ако се гледаат успесите на клупски и репрезентативен план, но неговите титули во Лигата на шампионите и Европското првенство на крајот се покажаа како недоволни за да добие некоја индивидуална награда.
– Како напаѓач, мене секогаш ми се допаѓаат играчите од офанзивниот дел од играта, но тоа што го оствари Жоржињо во 2021-ва година беше навистина извонредно. Мора да бидете реални и неутрални. Постигна важни голови и покрај тоа што игра на позицијата „6“. Реалноста е дека зад себе остави луда година како лидер на Челси и Италија, – порача Левандовски.
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 15 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 14 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Италијапред 12 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 10 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ