Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски за бомбастичното засилување за Реал: Мбапе? Не се плашиме од него…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Килијан Мбапе треба да биде најголемото засилување за Реал Мадрид за наредната сезона, засилување кое се уште официјално не е потврдено, но се чини само прашање е на време кога тоа ќе биде направено.

Со него „кралевите“ ќе добијат уште една голема ѕвезда, ќе добијат на квалитет во офанзивата што секако ќе биде проблем за сите нивни конкуренти во Шпанија и Европа.

Јасно е дека најголем ривал на Реал е Барселона која се мачи на финансиски план и се уште има многу прашалници како ќе го одработи престојниот летен преоден рок и дали ќе успее да состави подобар тим од сегашниот, а со тоа да го испрати клубот од Мадрид кој само со доаѓањето на Килијан ќе направи дополнителна разлика во моментов.

Меѓутоа на „Камп Ноу“ не постои страв, односно ветеранот Роберт Левандовски му се радува на предизвикот, задачата која тој и соиграчите ќе ја имаат пред себе во следната сезона.

-Сè уште не е официјално, но се чини дека сите патишта водат кон Реал Мадрид. Страв? Не, секако, тој е неверојатен играч и ако отиде во Реал Мадрид, тоа ќе биде многу силен тим. Ама нашиот менталитет мора да биде дека без разлика колку добри играчи имате, ако сме тим и работиме заедно, можеме да ве победиме.

-Мораме да бидеме подготвени од првиот натпревар и од првите минути бидејќи на Реал Мадрид сигурно ќе му треба време. Нема да играат добро на почетокот и може да загубат бодови, а ние мора да го искористиме тоа. Не да ги бркаме, туку да бидеме пред нив. Како пред две сезони, имаше натпревари кои не можевме да ги добиеме, но барем не ги загубивме, -порача Полјакот за „Марка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни