Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски влезе во друштво на Меси и Роналдо: Не мислев дека можам…

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_cat

Барселона го совлада Брест со 3-0 во средбата во Лигата на шампионите во меч во кој двоен стрелец беше ветаранот Роберт Левандовски.

Полјакот стрелаше на почетокот и на крајот на натпреварот што беше доволно да го најави и потврди триумфот, но воедно и да си обезбеди место во историјата на елитното натпреварување.

Имено Роберт влезе во одбрано друштво и стана трет играч со 100+ голови во Лигата на шамшионите. Пред него ова им успеа само на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, па сосема очекувано напаѓачот е горд на ова остварување.

-Јас сум многу среќен, многу среќен. 100 е одлична бројка. Не мислев дека можам да постигнам толку голови во Лигата на шампионите. Ама мислам дека е голема изјава да се каже дека сум на нивото на Роналдо и Меси.

-Денеска игравме тимски. Понекогаш игравме многу бавно, но со трпение можевме да постигнеме уште два гола во вториот дел. На крајот уште три бода. Секој натпревар бараме да победиме. До крајот на сезоната мораме да победуваме на секој натпревар, -порача најдобриот стрелец на каталонците.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни