Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски: Требаше да постигнеме повеќе голови

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Барселона ремизираше со Наполи (1-1) во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите, средба на која каталонците лесно можеа и да дојдат до победа ако имаа подобра завршница во дел од акциите.

Единствениот гол за гостите беше дело на Роберт Левандовски кој на крајот го понесе и признанието за најкорисен играч на мечот. Ветеранот жали што не победиле, односно не постигнале повеќе голови со што дефинитивно ќе си ја олеснеа работата за реваншот во кој сега се е отворено се почнува од „нула“ затоа што веќе не важи правилото гол во гости.

-Мислам дека одигравме добар натпревар во првото полувреме каде што требаше да постигнеме еден или два гола. По нашиот гол игравме малку дефанзивно и тие погодија со првата можност што ја имаа. Се чувствувам многу добро, ни треба време да се подготвиме, имаме многу потенцијал. Имаме две долги недели да работиме и да се подготвиме за иднината, -рече Полјакот кој сака своето искуство да им го пренесе на помладите соиграчи.

-Сакаме да направиме чекор напред во тимот. Важно е со моето искуство да можам да им помогнам на овие играчи, -заклучи голгетерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни