Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски со порака за неговата иднина: Ништо нема да се случи…

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски од 2022 година е член на Барселона, клуб во кој игра одлично и во текот на оваа сезона иако веќе влезе во 37 година од животот.

Полјакот има учинок од 29 гола и 3 асистенции на 30 мечеви во сите конкуренции, но без разлика на овој учинок јасно е дека му е потребна помош кога е во прашање позицијата „девет“ затоа што секоја кампања е се понапорна и понапорна, распоредот е пеколен и Барса според информациите разгледува некои опции за засилување на тоа место.

Ветеранот е мирен и продолжува да дава се од себе, а воедно и не размислува за заминување од „Камп Ноу“ и во случај да му биде донесена конкуренција.

-Се чувствувам многу добро во Барселона – не само во клубот, туку и меѓу навивачите. го чувствувам секој ден; на стадионот, на улиците. Навистина сум среќен каде сум и во клубот во кој играм. Не размислувам за ништо друго и веројатно ништо нема да се случи по однос на ова прашање, -вели Левандовски и додава:

-Не се срамам и не гледам никаков проблем во тоа што имам 37 години. Од физичка гледна точка не се плашам, но се зависи од тоа како ќе се одвиваат работите. Денеска имам насмевка на лицето, многу сакам да играм на зелените терени и сакам повеќе да победувам. Сè додека моето срце ми вели дека вреди, тоа ќе го правам, -заклучи голгетерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни