Поврзете се со нас

Германија

Левандовски со мајсторски гол стави печат на трофејот на Баерн во германскиот Куп (Видео)

Објавено

на

Баерн Минхен доминираше во финалето на германскиот куп против Баер Леверкузен (4:2) и заслужено си обезбеди нова двојна круна сезонава.

Германскиот првак не дозволи изненадување во финалето против амбициозните „фармацевти“ и веќе во 24. минута имаше водство од 2:0, со головите на Алаба и Гнабри.

Тоа беше најава за конечниот исход, а додека Баер ги реорганизираше своите редови, Левандовски постигна гол со помош на бизарната грешка на противничкиот голман Храдецка.

Во меѓувреме, противникот намали преку Бендер, за во завршницата да бидат постигнати уште два гола, по еден на двете страни, кои не ја променија ситуацијата на теренот.

Најпрвин, Левандовски со мајсторски погодок зголеми на 4:1, за во самиот финиш Баер да добие пенал, од кој Хаверц ги постигна конечните 4:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни