Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски со избрани зборови за свој соиграч: Го имаме најдобриот во светот

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски ја отвори новата натпреварувачка форма на извонреден начин и игра во фантастична форма, бидејќи искусниот Полјак постигна седум гола на седум меча во Ла Лига, а притоа запиша и две асистенции.

Популарниот Леви изгледа многу подобро од крајот на минатата сезона и очигледно врз него позитивно влијае соработката со Ханси Флик, но се подобро изгледа и врската која ја создава со вонсерискиот фудбалски талент, Ламин Јамал.

Левандовски не штеди комплименти за својот 17-годишен соиграч и во последното интервју вели дека тој веќе е најдобар играч во светот на својата позиција, но не заборави и да испрати едно предупредување со оглед на тоа што се наоѓа во раната фаза на кариерата.

– Го имаме најдобриот играч во светот на својата позиција, тоа е Јамал. Ламин е најдобро крило во светот и има потенцијал да стане најдобар играч во светот во блиска иднина. Има само 17 години и цела кариера е пред него. Сепак, во фудбалот понекогаш не е важно како ќе започнеш, важно е како ќе завршиш за 10 или 15 години.

– Новата генерација фудбалери има сериозен предизвик со социјалните мрежи. Еден ден сте херој, другиот ден трагичар и ве фрлаат на земја. Посакувам Ламин да има долга кариера и да не ги слуша луѓето од страна. Посакувам да остане скромен и да запамти дека фудбалот е неговиот живот. Да ужива и да ги забавува навивачите, – вели Левандовски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни