Поврзете се со нас

Англија

Левандовски со интересен совет до Аморим и навивачите на Јунајтед: Треба да имаат трпение со еден играч

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски беше специјален гостин во подкастот на Рио Фердинанд и на легендарниот стопер му откри дека во 2012-та година бил на чекор од Манчестер Јунајтед, па иако дал зелено светло за трансфер, истиот не се реализирал поради недостаток на договор меѓу двата клуба.

Полјакот во тоа време беше гол-машина на Борусија Дортмунд и 12 години подоцна и натаму ги тресе мрежите во Европа, а како напаѓач кој добро знае да намириса играч со квалитети кои треба да се вреднуваат, реши да го советува Јунајтед и новиот менаџер Аморим да имаат трпение со летното засилување.

Џошуа Зиркзе има потешкотии да се адаптира на новата средина и да се прилагоди на стилот кој се игра во Премиер лигата, но Левандовски е убеден дека тој може да биде многу корисен за Јунајтед со оглед на потенцијалот кој го поседува.

– Зиркзе игра извонредно кога е свртен со грб кон голот, тој може да ја задржи топката и да ги разигрува крилните фудбалери. Со еден или два допири, може да остави простор за крилата, а исто така е опасен и во шеснаесетникот. Тој е млад, но е многу голем и висок и исто така е навистина стилен.

– Потребно му е малку време, нормално е е да има огромни очекувања кога играте за Јунајтед. Треба да се има трпение со него, иако досегашното време во Јунајтед не е баш брилијатно за него. Тој е напаѓач кој може да ги разигра соиграчите ако се користи какошто треба. Тој може да постигнува голови, но може да игра и како атипичен напаѓач. Може да делува како играч кој креира простор за своите колеги во нападот, – вели Левандовски кој тренираше со Зиркзе во Баерн Минхен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни