Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски си поигра со Пике, Сане го „проби“ Тер Штеген (Видео)

Објавено

на

Барселона мора да оствари победа на гостувањето во Минхен, нешто што стана јасно уште во раната фаза на натпреварот бидејќи Бенфика постигна два гола во мрежата на Динамо Киев.

Португалскиот тим води со 2:0, а по 45 минути игра, работите не изгледаат воопшто добро за каталонскиот гигант кој прими два гола на празната „Алијанц арена“.

Иако нема никаков императив, Баерн делува максимално професионално, па така поведе со голот на Томас Милер кој беше признат од гол-технологијата.

Роберт Левандовски си поигра со Пике, а кога се чинеше дека ја искомплицира работата, го пронајде Томас Милер кој ја матираше подзаспаната одбрана на Барса.

Араухо успеа да интервенира, но со мало задоцнување и тоа значеше дека Барса мора да брка гол. Наместо тоа, пред крајот на првиот дел прими уште еден гол, откако Сане испрати силен шут на кој доста лошо реагираше Тер Штеген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни