Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски се претстави на „Камп Ноу“ со мајсторски гол и две асистенции во 19. минути (Видео)

Објавено

на

Роберт Левандовски не успеа да го постигне премиерниот гол во дресот на Барселона на американската турнеја, но затоа вечерва најде доволно добра инспрација пред преполниот „Камп Ноу“.

Мексикански Пумас настрада во првите 20 минути на гостувањето кај Барса, а главна ѕвезда на теренот беше големото летно засилување од Баерн Минхен.

Левандоски најпрво се претстави со мајторска реализација во стил на елитен голгетер, па во продолжение уште двапати асистираше за головите на Педри.

Младиот играч на Барса постигна два гола по додавањата од Левандовски, но во фуриозните први 19 минути на теренот, во листата на стрелците се запиша и Дембеле.

Во неговата ситуација, асистент беше Рафиња, гол кој беше постигнат во 10-та минута за водство во тој момент од 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни