Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски се обидуваше да го вознемири Винисиус: Ти ли ќе шутираш пенал….. (Видео)

Објавено

на

„Ел Класико“ натпреварите секогаш носат голема тензија и нервоза на теренот, но и мали пикантерии кои најчесто се снимени и уловени од страна на специјализираните шпански емисии.

Винисиус Жуниор беше главна ѕвезда на вчерашниот мега дуел во Ријад и постигна хет-трик во победата од 4:1, натпревар на кој Бразилецот излезе како победник во речиси сите можни аспекти.

Напаѓачот на Реал постигна три гола, ја доби пресметката со Араухо и изнуди црвен картон за дефанзивецот на Барселона, но ја добил и психолошката битка со Роберт Левандовски.

Непосредно пред пеналот кој го изведе Винисиус, можеше да се забележи дека Полјакот е во близина на Бразилецот, а сега „Мовистар“ откри како Левандовски се обидел да го вознемири ривалот.

– Ти ли ќе шутираш пенал…….., – гласи пораката која ја испраќа Роберт, а Винисиус имал подготвено одговор.

– Секако!

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни