Германија
Левандовски побара да си замине од Баерн, претседателот му порача: Ова не е ништо ново, како што дојде…

Роберт Левандовски стрелаше за Баерн Минхен во последниот лигашки меч во оваа сезона по што се огласи и испрати порака дека сака да си замине од „Алијанц Арена“.
Со ова Полјакот само ги потврди претходните информации на медиумите дека сака нешто ново во кариерата, нов предизвик без разлика на тоа што има уште една години од актуелниот договор со германскиот првак.
Тој ја одбил понудата од баварците за продолжување на соработката и притоа порача дека се надева дека ќе можат да седнат како луѓе и достоинствено да се разделат како луѓе. Меѓутоа Баерн засега не сака да попушти и тоа се гледа и по последната порака која ја испрати претседателот, Херберт Хајнер.
-Роберт има договор до 2023 година, толку ќе остане да игра со нас. Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ му понудија продолжување на договорот. Како што бев информиран, Роберт тоа не го прифати, -рече Хајнер кој смета дека не е ништо ново останатите клубови (во случајот Барселона) да го „ловат“ Левандовски.
-Ова не е ништо ново за нас, играчи како Левандовски постојано добиваат понуди од други клубови. Веќе ја имавме оваа ситуација кога Роберт флертуваше со Реал Мадрид во 2019 година. Не постои замене за играч од таква светска класа.
-Тој има договор со нас, па претпоставувам дека е подготвен да го исполни до крај. Негово право е да не се согласи на продолжување на соработката. Како што дојде како слободен играч, така може да замине во летото 2023 година. Кога ќе се потпише договорот, тогаш бесмислено е да се зборува за „присилување некого да го исполни до крај“, – подвлечеХајнер.
-
Светпред 24 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 23 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 22 часа
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место
-
АТПпред 21 час
Фаворитот од втор ред за триумф на Вимблдон се повлече пред да излезе на терен: Многу сум разочаран