Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски откри кој фудбалски момент секогаш го остава без текст: Тешко е да се опише со зборови

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски има 35 години и полека влегува во групата на играчи кои важат за фудаблски ветерани, но дури и во оваа фаза од кариерата Полјакот изгледа максимално подготвен за игра.

Левандовски веќе со години наназад максимално внимава на својата линија и веќе нагласи дека диетата е клучна за неговата добра физичка кондиција, па затоа не гледа зошто не би продлжил да ги тресе мрежите и во втората фаза од четвртата деценија во животот.

– Се уште сум многу гладен и се уште сакам да постигнувам голови. Се додека го имам тоа чувство, ќе го давам максимумот на тереното, – вели Левандовски, кој откри и кој фудбалски момент прави да трепери и на 35 години.

– Кога ќе го слушнеш своето име по постигнат гол, веднаш затреперуваш. Тоа се нешта кои тешко се објаснуваат со зборови. Во тој момент кога си го слушам името, како да се наоѓам во друг свет, во друг универзум.

– Никогаш не сакам да го заборавам тоа чувство, сакам да уживам во тие моменти што е можно подолго во фудбалот, – завршува Левандовски, кој воопшто не размислува на пензија.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни