Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски откри до кога планира да биде активен: Сè уште го имам тоа чувство и таа страст во мене…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски се мачи да ги испорача посакуваните голови во дресот на Барселона во оваа сезона и во медиумите се појавија одредени информации дека можеби ќе си замине од клубот во 2024 година.

Тој има договор со каталонците до 30 јуни 2026 година и шпанскиот шампион сигурно добро би заработила од него особено ако има заинтересиран клуб од Саудиска Арабија, но Полјакот засега не размислува за една таква опција и покрај вестите кои се појавија во јавноста.

-Се чувствувам многу добро, знам дека се помина добро, не само внатре во клубот туку и надвор бидејќи гледам како навивачите ме поддржуваат. Се чувствувам како да сум на вистинското место во вистинско време. Минатата година или пред две години, кога сè уште не бев тука, видов дека има многу проблеми околу клубот, но сега мислам дека одиме на вистинскиот пат и фудбалерите можат да се фокусираат на институцијата, -вели Лева кој е гладен за успеси.

-Не размислувам за она што веќе го освоив или што веќе го направив. Сè уште го имам тоа чувство и таа страст во мене. Мислам дека сè уште можам да играм фудбал три или четири години, бидејќи физички се чувствувам многу добро, -порача Полјакот кој има 35 години.

Тој во новата година ќе има конкуренција во името на младиот и талентиран Виктор Роке кој доаѓа од Атлетико Параненсе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни