Левандовски обелодени какво засилување му е потребно на Баерн

levandovski

Роберт Левандовски е еден од ретките играчи на Баерн Минхен кој јавно и гласно говори за клупската политика на клубот и што всушност му е потребно за да биде конкурентен во сите натпреварувања.

За тоа трпи и критики од раководството, но Левандовски со остана на своето и за „Билд“ посочи дека клубот мора да најде соодветна замена за него, играч кој ќе му биде вистинска поддршка.

-Дефинитивно е опција да се потпише млад, гладен напаѓач кој сака да учи од искусен играч. Тоа ќе биде олеснување и за мене да играм 15-20 минути помалку на натпреварите, да имам поголема енергија за следните мечеви, плус ќе имам поголема можност да останам фит, односно ќе се намали ризикот за повреди, -истакнал најдобриот голгетер на германскиот шампион.

Facebook Коментари