Левандовски направи радикална промена на изгледот и ги шокираше фудбалските фанови (Фото)

lewa-kapa

Роберт Левандовски влезе во посакуваната голгетерска форма во последно време и брзо го заборави проблемот со повредата која ја стекна пред дерби дуелот со Борусија Дортмунд, а во пресрет на новите возбудувања кои му следат на Баерн Минхен во Бундеслигата, Полјакот одлучи да ги изненади своите фанови со радикална промена на изгледот.

Голтерот на Баварците оваа вечер го искористи својот официјален Инстаграм профил за да го прикаже својот нов изглед, а бидејќи станува збор за нешто комплетно поразлично од тоа што навикнавме да го гледаме во изминативе седум-осум сезони, Полјакот експресно предизвика многу реакции на социјалните мрежи.

Sometimes you need to change something 🙅🏻‍♂🔥

A post shared by Robert Lewandowski (@_rl9) on

Facebook Коментари