Поврзете се со нас

Германија

Левандовски му испрати совет на Халанд и ги одбра најдобрите „деветки“ во светот на фудбалот

Објавено

на

Еден од најдобрите светски напаѓачи, Роберт Левандовски му испрати совен на неговиот помлад колега од таборот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Халанд беше вистински хит во РБ Салцбург за да потоа со исто темпо од почетокот на годинава продолжи во дресот на „милионерите“, па пред пандемијата се појација информации дека дел од европските гиганти ќе вложат напори да го донесе во нивните редови во летниот преоден рок.

Меѓутоа според Левандовски најдобро решение за Норвежанецот е да остане во Германија, сегашната средина и да продолжи да се развива.

-Тој има огромен потенцијал, но сепак има време. Не сакам да вршам никаков притисок врз него со моите изјави. Ако работи напорно, може да стане подобар играч и на крајот да го достигне највисокото ниво. Затоа би било добро за него ако тој остане подолго во Бундеслигата пред да го направи следниот чекор, -истакна Полјакот кој го даде својот став и за најдобрите „деветки“ во денешниот фудбал.

-Тешко прашање. Ако зборуваме за деветки, јас би рекол: Карим Бензема, Тимо Вернер, Луис Суарез, Серхио Агуеро и Килијан Мбапе, -заклучи голгетерот на Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни