Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски му го „украде“ бројот на Депај: Со сета почит кон Мемфис, но…..

Објавено

на

Роберт Левандовски ова попладне беше официјално претставен како нов играч на Барселона, суперзасилување кое го натера клубот да направи и една промена без да чека позитивен одговор од спротивната страна.

Доаѓањето на класичен напаѓач ја натера Барселона да му ја додели „9-ка“ на Полјакот, без оглед на тоа што таа досега беше зафатена од страна на Мемфис Депај.

После само една година во клубот, Холанѓанецот може да се најде во ситуација да си оди и да бара нова средина, а ваквите постапки на клубот може само да ја забрзаат работата.

– „9-ка“ во Барселона? Тоа беше одлука на клубот. Поради интересите на клубот, поради маркетингот и правата на фудбалерот, беше најдобро тој да ја носи „9-та“:

– Максимално го почитуваме Мемфис, но и тој ќе ја сфати оваа ситуација, – изјави Жоан Лапорта на промоцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни