Шпанија
Левандовски: Минатата година беше многу успешна за Реал, но сега…..

Роберт Левандовски денеска беше претставен како мега засилување за Барселона и тимот на Чави Ернандес, а уште на првиот прес, Полјакот беше приморан да одговара прашања поврзани за најлутиот ривал на каталонскиот гигант.
Реал Мадрид издоминира минатата сезона во Ла Лига и Лигата на шампионите и тоа секогаш носи и голема доза на нервоза во Барселона, па Левандовски порача дека фудбалот е извонреден спорт поради тоа што секогаш ви нуди нова шанса и прилика за поправен испит.
– Секогаш сум подготвен да играм против Реал Мадрид и на едно „Ел Класико“. Знам како е да се игра против Реал Мадрид.
– Вистина е, минатата сезона беше многу успешна за Реал Мадрид, но сега јас сум тука со моите соиграчи за да ги победам. Знаеме дека ќе биде тешко, но ова е фудбал.
– Не е само Реал Мадрид, во Ла Лига има и други многу добри тимови. Фудбалот е добар спорт бидејќи ви нуди шанса секоја нов натпревар, но секогаш мора да бидете на највисоко ниво. Не размислувам премногу на Реал и Бензема, мене ме интересира да играм добро за Барселона, а не само против него, – порача Левандовски.
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 12 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 11 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 13 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците
-
Англијапред 6 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил