Поврзете се со нас

Германија

Левандовски: Милер ќе ме разбере затоа што сакам да поставам нов рекорд

Објавено

на

Роберт Левандовски го израмни голгетерскиот рекорд на Герд Милер во претпоследното коло на Бундеслигата, а во последното ќе може да постави и нов рекорд.

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 40 голови во текот на сезоната, што значи и израмнување на рекордот на Милер стар 49 години. Иако многу го респектира легендарниот Германец, Левандовски нема да се откаже од можноста да биде осамен на врвот.

– Би шутирал и пенал во последната минута против Аугзбург.

– Гер Милер има толку многу рекорди, мислам дека и тој ќе ме разбере ако ја земам топката да шутирам пенал во 90. минута.

– Тој има постигнато 365 голови во Бундеслигата и тоа е рекорд кој не можам да го подобрам, – изјавил полскиот фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни