Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски конечно даде гол на гостински терен, Барселона победнички низ Баскија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Екипата на Барселона издвојува победа над Алавес од 3-1 во третата средба од денешната програма од 23. коло во шпанската Примера.

Иако овој меч мораа да го играат без голем број на играчи, гостите од Каталонија се изборија за триумф кој им го донесе 50. бод во натпреварувачката 2023/2024.

Левандовски по пауза од пет месеци даде гостински погодок за Барселона и тоа на асистенција на Гундоган во 22 минута. На стартот на вториот дел Гундоган на асистенција на Педри зголеми на 2-0, но домаќините експресно се вратија во игра со оглед на тоа што намалија на 2-1 во 51 минута преку Омородион.

Ама во 63 минута нововлезениот Витор Роке одново донесе плус два за каталонците. Бразилецот потоа заработи брз два жолти картони, но оној во 72 минута е повеќе е спорен и сигурно тренерот Чави Ернандес ќе има одново што да каже за работата на судиите.

До крајот немаше промени, па шампионот со три поени си заминува од Баскија и ќе може мирно да го дочека соочувањето со Гранада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни