Англија
Левандовски: Клоп не ми дозволи да направам трансфер во Јунајтед

Роберт Левандовски одработи интервју за „Билд“ и ги искоментира последните неочекувани случувања во Баерн Минхен, но се наврати и на периодот во кој ги доживеа најубавите моменти на „Алијанц арена“.
Полјакот посочи дека убедливо најдобро се чувствувал со Ханси Флик како тренер на баварскиот великан, но во набројувањето на најважните тренери во кариерата, не го заборави и Јирген Клоп со кого соработуваше во Борусија Дортмунд.
– Со Ханси Флик го имав најдобриот период во Баерн, со него се беше генијално. Бевме најдобри и ги освоивме сите титули. На крајот тој си замина и за мене тоа беше се многу чудно. Тешко се сфаќаше тоа, но фудбалот е таков бизнис и мора да одите напред.
– Претходно, Клоп беше како мој татко во фудбалот, го чувствував како близок родител. Тој заедно со спортскиот директор Вацке направи да не заминам во Манчестер Јунајтед на 22 години.
– Сакав да одам во Манчестер, но тие ме седнаа и ми порачаа: Нема шанси, потребен си ни тука и мора да останеш, – се потсетува Леви.
-
Шпанијапред 15 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Италијапред 17 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
НБАпред 16 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 13 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд