Поврзете се со нас

Шпанија

Левандовски ќе ја добие „украдената“ Златна топка четири години подоцна

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски беше предводник на екипата на Баерн Минхен која стигна до европската титула во сезоната 2019/20, а со своите настапи и голови ги заслужи и најпрестижните индивидуални признанија.

Сепак, во екот на ковид пандемијата, редакцијата на „Франс Футбол“ реши да направи преседан и да не додели „Златна топка“ за таа сезона, со што Левандовски извиси во единствената ситуација во која беше главен фаворит и најблиску до истата.

Четири години подоцна, францускиот организатор на наградата може да реши да му го додели признанието на Левандовски, правејќи уште еден преседан кој досега се нема случено.

Новинарот Иван Сан Антонио од шпански „Диаро Спорт“ тврди дека Французите размислуваат да ја исправат неправдата и официјално да му доделат „Златна топка“ на полскиот фудбалер, без разлика што ќе доцнат четири години.

Левандовски во изјавите изминатите години јасно навести дека би го прифатил признанието и со задоцнување и за него тоа би била голема чест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни